Get Adobe Flash player
Kia со екололшка гама во 2009
22.10.2007
kia-eco-ceed-2009Kia е последниот производител кој ги обелодени своите планови за лансирање на гама ултра ефикасни возила кои ќе ги предводи еколошка верзија на успечниот компакт Cee'd.

Новиот автомобил ќе биде базиран на концептниот автомобил Kia Еco Сee'd кој беше претставен минатиот месец на салонот во Франкфурт и ќе го носи истиот 1.6 литарски дизел CRDi оличен со сите потребни модификации за заштеда на гориво.

Според тврдењата овие модификации би требало да ја подобрат економичноста до 17 проценти и да ја смалат емисијата на СО2 до 8,4 проценти.

Официјалните податоци велат дека просечната потрошувачка изнесува 3,9 литри на 100 изминати километри, а емисијата на СО2 изнесува 104 g/km. Би требало Eco Cee'd да биде достапен во варијанта со пет и со три врати.

Дел од модификациите вклучуваат спуштање на автомобилот, рамна плоча за заштита на долниот дел од возилото, предна маска која произведува помал отпор на воздух, и гуми од Michelin со мал отпор при тркалање.

Измените кај моторот се состојат од намален притисок на турбополначот, подобрено времето потребно за вбризгување на горивото и намалено триењето меѓу внатрешните делови на моторот.

Во автомобилот ќе биде поставен и нов состем стрт/стоп како и систем за регенерација на енергијата при сопирање.

Првите автомобили би требало да стигнат во продажните салони низ Европа во првата половина на 2009.

 

 

 

Facebook