Get Adobe Flash player
Kia Soul пристигна во Европа
17.12.2008
kia-soul-spain-1.jpgПовеќе пати пишувавме за Kia Soul, од концептот, преку првата фотографија до претставувањето. Дури и го следевме нејзиниот развој пред конечно да пристигне во Европа, поточно Шпанија.

Во земјата на тореадорите преку 300 европски новинари имаа можност првпат да седнат зад воланот на Soul, автомобил со потполно нов концепт кој нуди флексибилност, економичност, урбан стил и практичност.

Корејскиот автомобил дизајниран и конструиран за европскиот пазар го обележува револуционeрното проширување на гамата на Kia и сигурно ќе го привлече вниманието на купувачите посебно од помладата генерација.

Плановите се продажбата на Kia Soul да стартува од вгодина. Кај нас автомобилот ќе пристигне во исто време кога и во Европа.

Купувачите ќе имаат можност да изберат 15 различни варијанти во зависност од бојата на каросеријата и внатрешноста, 5 различни нивоа на опременост, два мотори, избор на мануелен или автоматски менувач и додатна опрема определна во зависност од пазарот на кој ќе се продава Soul.


 

 

 

Facebook