Get Adobe Flash player

Kia Sportage први официјални фотоси
04.02.2010

Откако кон средината на јануари на интернет се појавија дизајнерските цртежи на Sportage наменети за лична употреба на европскиот завод за патенти, Kia побрза да ја претстави сериската верзија.

kia-sportage-2010-2

Меѓутоа од Kia освен официјалните фотографии не откриваат ништо за новата генерација на Sportage која светската премиера ќе ја доживее на салонот во Женева и чија продажба стартува на пролет.

За новиот SUV се знае дека е дело на шефот на дизајн на Kia, Петер Шрејер, кој прета работеше во Audi, но во Kia доби одврзани раце и го создаде новиот имиџ на марката од кросоверот Soul, преку обновениот Cee`d, малечката Venga, седанот Cadenza до новата генерација на Sorento.

Новата генерација на Sportаge има многу поевропски дизајн и големо внимание е посветено на малите детали како предните светла за магла кои се во симбиоза со предните светла со агресивен дизајн и оптика, одлично вкомпонираните трепкачи во ретровизорите, интегрираните шини на кровот, црната заштитна пластика која се протега околу целиот автомобил...

Новиот Sportage ќе биде поголем од актуелниот модел со поголемо меѓуоскино растојание кое ќе допринесе за поголема стабилност и повеќе простор во вантрешноста и поголем комфор за патниците.

Подеталните информации околу моторите, менувачите, погонот, димензиите, перформансите, опременоста, стартот на продажбата и цената се очекува да бидат објавени на премиерата во Женева.

 
Get Adobe Flash player