Get Adobe Flash player
Kia вежба на идниот теренец
09.04.2007
k1175758030-knd-4_exterior_1Најстарата корејска марка го искористи Салонот во Сеул да и покаже на публиката какви ги замислува своитe идни теренци. Концептот KND-4 се обидува да измеша повеќе видови автомобили во еден. 

Зелениот теренец со три врати, робусен изглед и прозорци како на купе е замислен да им го поттикне инстинктот за природа на луѓето заглавени во големите градови.

Возилото привлекува внимание со агресивниот дизајн, светлата со LED техника, заштитата на подвозјето и остро исечениот опаш со издувни цевки интегрирани во одбојникот.

 

k1175758044-knd-4_exterior_2
k1175758056-knd-4_interior_1
 k1175758068-knd-4_interior_2  k1175758080-knd-4_interior_3

Четворицата патници ќе се одушевуваат од футуристистичката внатрешност, со посредно осветлување и метални површини во црвена боја. Сите информации за возењето се даваат на ултратенок дисплеј со силни контрасти.

 

 

 

 

Facebook