|
22.02.2012 |
|
Кинескиот производител на автомобили BAIC најавува дека на претстојниот салон на автомобили во Пекинг ќе претстави своја изведба на легендарниот прекален теренец на Mercedes, класата G.

Многумина би помислиле дека станува збор за клон, но работите не стојат така. Имено компанијата BAIC е кинескиот партнер на алијансата Daimler која ја поседува и најстарата автомобилска марка на светот Mercedes.
Тоа укажува дека кинеската верзија на класата G е сосема легитимен проект со зелено светло дадено од централата во Штудгарт. Во моментот нема информации за техниката, ниту за уредувањето на кабината.
Што се однесува до надворешноста таа е препознатлива за класата G, но кинеската верзија означена како B80 VJ има нова предница која повеќе прилега на војно возило отколку на теренец наменет за цивилниот пазар.
|