|
08.11.2007 |
Porsche од година во година бележи се поголем
раст на продажбата на кинескиот пазар. Се чини дека кинезите се вљубени во
спортистите на германскиот производител.
Компанијата информираше дека според направената
проекцијата за новиот брзо растечки пазар, се очекува до 2012 Кина да стане
вториот најголем пазар за Porsche, секако по Соединетите Американски Држави.
Ова значи дека Германија каде Porsche е домашен
производител ќе ја загуби втората позиција по продажба во однос на Кина.
Колку за илустрација од почетокот на годината до сега во
Кина се регистрирани 3.500 нови автомобили со знакот на Porsche.
|