Get Adobe Flash player
Кинески електромобил оди во серија
15.01.2010

На автомобилскиот салон во Детроит кинескиот производител на автомобили BYD го претстави својот прв целосно електричен кросовер наречен Е6 кој наскоро би требало да стартува со серико производство.

byd-e6-2010-1

Кинескиот автомоблски гигант BYD настапува прилично агресивно и откако го претстави првиот plug-in хибрид на светот F3DM, којшто се произведува сериски и со него го претрка Chevrolet и неговиот Volt, но и Opel со Ampera и сега нуди нешто сосема ново.

Кросоверот Е6 ги користи истите „Fe" литиум-железо-фосфатни акумулаторски батерии од F3DM кои како што пишувавме имаат околу 10 пати подолг век од литиум-јонските батерии, подолго ја зачувуваат енергијата, побрзо се полнат и се побезбедни бидејќи не се самозапалуваат при оптоварување и при судар.

Заради посебнатата технологија акумулаторските батерии во BYD Е6 приклучени на високонапонски приклучок од специјална станица за полнење достигнуваат 50% од максималниот капацитет за само 10 минути.

Доколку пак се приклучени на електричен приклучок од стандардната електрична мрежа за полнење до максимален капацитет им се потребни 7 часа што е подобро од било која понуда претставена до сега.

Пакетот батерии обезбедува доволно енергија за автономија на Е6 од 330 km чив електромотор има моќност од 101 КС и максимален вртежен момент од 450 Nm.

Кросоверот со димензии од 4.554 mm во должина, 1.882 mm широчина, 1.630 mm висина, меѓусокино растојание од 2.830 mm и тежина од 2.295 kg е способен до 100 km/h да забрза за 14 секунди и да достигне максимална брзина од 140 km/h.

Планот на одговорните во BYD е да стартуваат со сериско производство на Е6 во текот на годинава и да го пласираат на пазарот во САД.

 

 

 

Facebook