Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Кинески кросовер за 5.500 евра
17.11.2009

Кинескиот производител на автомобили Chery ја претстави сериската верзија на својот нов кросовер Riich X1 која наскоро ќе пристигне и на европскиот пазар и ќе се продава по цена од 5.500 евра.

chery-riich-x1-1

Riich всушност е ознака за луксузните модели на марката. Се работи за мал автомобил кој во должина мери 3.830 mm и е поставен на платформа која што Chery ја користи за цела низа малечки автомобили меѓу кои и DR1 произведен во Европа и од кого е изведен Riich Х1.

Riich X1 настапува како вистински кросовер наменет за асфалт и чакал. Со масивни заштитни пластики на долниот дел од каросеријата најподложен на оштетувања. Заштитните пластики воедно допринесуваат за посериозен настап.

Кросоверот нуди подигнато подвозје кое овозможува поголем клиренс и поголема прооднос. Сепак, сознанието дека погонот е на предни тркала јасно дава на знаење дека сопственикот не треба да внимава на терен со Riich X1.

Моторот има зафатнина од 1.3 литри и остварува максимална моќност од 82 КС. Снагата до предните тркала ја испраќа преку пет степен мануелен менувач.

Chery го нуди Riich X1 со богатсво опрема очекувана единствено кај далеку поскапи модели. И ако успее сето ова да го протне на пазарот во Европа за 5.500 евра навистина ќе биде интересен момент. Уште поинтересен ќе биде моментот кога BMW ќе почне да реагира за името Х1.

X1 е втор модел на Chery кој ја носи претставката Riich во името. Првиот ваков луксузен модел на Chery е седанот G5 кого го задвижува 2.0 литарски турбо мотор со моќност од 170 КС.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook