|
23.07.2010 |
|
Неполни четири месеци откако кинескиот производител Geely стана сопственик на шведскиот Volvo започнуваат сериозни промени во компанијата и за првпат во историјата на чело на Volvo ќе застане Кинез.

Станува збор за раководителот на Geely, Ли Шуфу, прикажан на фотографијата, којшто е назначен за шеф на бордот на директори на Volvo Cars, а веќе поранешниот раководител на марката Ханс-Олав Олсон станува заменик претседател на Volvo Cars.
Целта на новиот шеф на бордот на директори е да се зацврстат позициите на Volvo првенствено на пазарот во Северна Америка, потоа на пазарот во Европа и на крај да се најде модус за развој на марката на кинескиот пазар.
Новиот стратегиски план треба да го извлече Volvo од кризата која во компанијата владее со години, а начин да се направи тоа е со нови инвестиции ширење на продажната мрежа и пообемна маркетинг кампања.
Според Шуфу до сега се инвестирани преку 3 милијарди долари во Volvo, но тоа се само почеток наведува новиот претседател уверувајќи дека шведскиот производител многу брзо ќе застане на нозе.
|