Get Adobe Flash player
Кинези го ревитализираат Austin-Healey
13.06.2007
healey1Nanjing Automobile Corporation (NAC) успеаја да склучат договор кој ќе резултира со оживување на спортските автомобилски марки Healey и Austin-Healеy.

NAC е сопственик и на MG, кој го рестартираше производството минатиот месец и е потполно свесен за корисниот публицитет што го добива со користење на имињата славните британски марки.

Договорот на NAC е со сегашниот сопственик на марката HFI Automotive, американска фирма која ги откупи правата за користење на името Healey во 2006 година.

Во февруари истата година, HFI најави планови за неколку нови спортски автомобили кои ќе ги носат гените на Healey 3000 во верзии кабриолет и купе. Како и евтина замена за омилениот Healey Sprite.

Кратка историја за Healey
Healay беше основан од британецот Доналд Хили кој ги произведуваше автомобилите во Варвик од 1946 до 1954.

Еден прототип конструиран од Остин и претставен на салонот во Ерл Корт во 1952 беше доработен од BMC и стана Austin-Healey 100. Марката беше успешна во педесетите и раните шеесети, но исчезна во 1970.

Хили подоцна соработуваше со Jensen произведувајќи го проблематичниот Jensen-Healey od 1972 до 1976 година.

healey2healey3ahealey4

 

 

 

Facebook