Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Кинези ќе го купат Hummer
03.06.2009
hummer-t3-teren-1.jpgGeneral Motors е во напредни преговори со кинескиот гигант Sichuan Tengzhong Heavy Industrial Machinery за продажба на Hummer кои започнаа уште минатата година, но финализирањето се одолговлекуваше.

Притиснат од објавениот банкрот на GM одлучи да ги забрза преговорите со Tengzhong префрлајќи ги ви напредна фаза со потпишување на меморандум за взаемно разбирање.

Се очекува преговорите да завршат наскоро, а продажбата на Hummer да се случи кон крајот на третиот квартал од годината. Со продажбата на Hummer на Tengzhong, GM ќе сочува повеќе од 3.000 работни места во производство, развој и низ дилерските мрежи на Hummer ширум САД.

Договорот за продажба не вклучува само задржување на сегашните работни места и продолжување на производството на актуелните модели. Тука е вклучен и понатамошниот развој на компанијата со претставување на нов модел наскоро. Тоа би бил компактен теренец најверојатно со ознака H4.

Договорот меѓу другото ќе го сочува актуелното раководство на Hummer заедно со централата на компанијата која останува во САД, а дополнително Tengzhong се обврзува на раширување на дилерската мрежа на глобално ниво, посебно во Кина.

Се очекува при преминувањето во рацете на Tengzhong, патиштата да се отворат за Hummer кој само во мај годинава продаде 62% помалку возила отколку истиот месец лани, а вкупната продажба од почетокот на 2009 е падната за 40% во однос на истиот период лани.

Tengzhong е приватна компанија со седиште во кинеската провинција Sichuan и е водечки производител на индустриски машини и опрема за градежништво и патна опрема на домашниот пазар.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook