Иако многумина не очекуваа и се надеваа дека сепак нема
да се случи, се случи. Преговорите за купување најавени уште во јуни завршија и
сега Tengzhong е сопственик на Hummer.
Одговорните во кинеската компанија Sichuan Tengzhong
Heavy Industrial Machinery
веруваат дека поседувањето на една посебна марка како Hummer ќе им
го отвори патот до глобална препознатливост.
Тие веруваат дека со финансискта помош на Tengzhong и
експертизата на инженерите и на раководството на Hummer, марката која зебележа
катастрофални продажни резултати во 2008 и 2009 ќе се препороди.
Сопствениците на Hummer кои чувствуваат дека се морално издадени и дека наместо американски мачо
теренец возат кинески производ не треба да стравуваат.
Кинезите немаат намера да го уништат американскиот
симболизам. Напротив, нивната намера е да го сочуваат и да држат до него. Доказ
е планот на Tengzhong своето седиште од каде ќе се управува со глобалните
операции да го смести близу Детроит.
Останува и менаџерскиот тим на Hummer на чело со извршниот директор Џејмс Тејлор и производството во
постоечките погони на General
Motors.
Новината која што ја носат кинезите и која стартува со
имплементација веднаш е прилагодување на актуелните модели од целата гама на Hummer да бидат flex
fuel и покрај бензин да користат и E85.
Така Hummer ќе стане првиот производител на автомобили во светот чива цела гама на
возила ќе може да користи Е85. Иако тоа и не е толку проблематичнo
бидејќи целата гама се состои од два модели и нивни варијанти. Не вклучувајќи
го тука H1.
|