Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Кинезите се поблиску до Европа
13.01.2012

Огромна е желбата на кинеските производители на автомобили да ја освојат Европа. Па така откако некои од нив постигнаат повисоко ниво на безбедност сега ја унифицираат и техниката.

getrag-6dct250-1-2012-1

Новата кинеска марка Qoros која е наменета за во Европа и е плод на соработката меѓу производителот на автомобили Chery и израелската компанија Quantum LLC ќе користи исти менувачи како Renault и Ford.

Станува збор за менувачот со две спојки и шест степени на пренос на Getrag. Овој менувач со типска ознака 6DCT250 е специјално скроен за автомобили од пониска класа со погон напред и исто така е предвиден за вградување во хибриди.

Менувачот е наменет за мотори со вртежен момент до 280 Nm и почна да се вградува сериски во 2010 годинa во Renault Megane, Renault Scenic, Ford Focus и Ford Fiesta.

Се очекува до крајот на 2013 година преку 1 милион автомобили ширум светот да бидат опремени со овој менувач кого Getrag за сега го произведува во своите фабрики во Бари, Италија и во Ирапуто, Мексико.

Но, производството ќе се одвива и во Кина сега откако e постигнат договор за вградување во автомобилите на марката Qoros која ќе биде првата кинеска марка чии автомобили ќе носат роботизиран менувач со две спојки.

Воедно тие ќе бидат поприкладни за европските купувачи бидејќи ќе бидат скроени и произведувани во Европа во развониот центар и погоните што ќе ги градат Chery и Quantum LLC.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook