Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Кинезите запнуваат машки
14.04.2010

Кинезите се новата автомобилска нација. Ова тврдење ќе се обиде да го оправда кинескиот производител на автомобили Geely кој на претстојниот салон во Пекинг планира да прикаже преку 50 новини.

geely-emgrand-ex7-2010-1

Уште поважно во врска со напливот на модели на Geely е што тие повеќе не изгледаат детинесто и не се тема за потсмев па и на судски постапки за кражба на дизајн како до пред неколку години кога за прв пат на светската автомобилска сцена почнаа да се појавуваат кинеските автомобили.

Денес веќе никој не ги сфаќа кинеските автомобили како шега. Тие забрзано грабаат како на дизајнерки план така и на технички. Користат нови технологии па дури предничат како во развојот на електрични возила.

Полека станува јасно дека кинеската автомобилска индустрија полека ги пребродува детските болести. Нивните автомобили стануваат се поубави, технички понапредни, покомфорни, полуксузни.

Сето ова ќе се обиде да го докаже Geely на претстојниот салон во Пекинг со еден куп свои нови модели. Geely воедно во Пекинг ќе ги претстави и своите нови три луксузни марки Gleagle, Emgrand и Shanghai Englon.

Од трите нови марки ќе бидат изложени 30 модели од Emgrand 11 модели, од Gleagle 11 модели и од Englon 8 модели. Од тие 8 се седани, 7 хечбек модели, 7 SUV модели, 4 MPV возила, 2 спортски автомобили и 2 пикапи. Понатаму ќе бидат изложени 12 концепти и 15 платформи.

Еден од највпeчатливите модели е големиот пикап ЕР9 од марката Emgrand којшто наскоро влегува во сериcко производство и има задни светла кои потсетуваат на оптиката и дизајнот на задните светла на Aston Martin.

Тука е и малиот SUV Geely EX7 кој со должина од 4.600 mm настапува во класата на Toyota RAV4 и Kia Sportage. И кај него можат да се забележат дизајнерски елементи од други марки, но е далеку од класично копирање.

Во класата SUV следат уште два поголеми модели EX8 и EX9 со по седум места за седење. ЕХ8 e деолг 4.800 mm има 2.4 литарски бензински мотор и се нуди во верзија со погон напред и на сите четири тркала.

EX9 е најголемиот SUV во програмата на Geely, односно неговата луксузна марка Emgrand. Во должина мери преку 5 метри, има постојан погон на четири тркала и треба да биде конкурент на Infinity QX56 и Audi Q7.

Во програмата на Emgrand влегува и луксузниот ван EV7 со седум места за седење кој влегува во сегментот на компактни MPV и неговиот поголем брат EV8 кој влегува во една класа повисоко.

На списокот новитети е и спортското купе крстено како Global Eagle GT. Новиот спортист влегува во сегментот на Peugeot RCZ и Audi TT и дефинитивно има сопствен стилски печат.

Најголемиот модел на Geely во Пекинг е луксузната лимузина која доаѓа под марката Emgrand и е наречена GE. Лимузината која сака да му биде конкурент на еден Rolls Royce е позната од порано, но сега е модернизирана.

Повторно GE има дискутабилен дизајн, но она со што привлекува е високиот луксуз и можноста назад место две седишта да се постави една фотелја и уредување како канцеларски простор и место за максимално опуштање после долгиот и напорен работен ден.

Можеби некои идеи на кинеските производители сеуште неможат во потполност да се прифатат но една работа е неспорна кај кинезите. Тоа e нивната храброст да се впуштаат во непознато и да испливуваат како победници. Светот може да критикува колку сака, но нивната одважност на крај ќе го освои.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook