|
13.12.2007 |
Британците предничат во понудата на киткар, а мотото
направи сам свој автомобил најчесто беше резервирано за нив. Но, сега имаат
ривал кој доаѓа преку големата бара и се нарекува GTM.
Кит супер автомобилот е дело на американската фирма Factory
Five Racing која го изработи моделот во кој купувачите можат да
вградат мотор по сопствена желба и афинитет.
Конструкцијата на GTM е доволно
ригидна да издржи моќен V8 поставен во средина. Шасијата е просторна рамка
изработена од цевки од алуминиумска легура и челик, а каросеријата е од
композит што на крај условува со тежина од само 1.020 килограми.
Kaj секое тркало работи систем на опружна нога која му
овозможува одличен контакт со подлогата, за сопирање се задолжени вентилирачлки
дискови со пречник од 13 инчи напред и 12 инчи назад. Задната оска е превземена
од Porsche 911, а управувањето е од Corvette C5 што ветува
извонредни возни својства.
Зад китот стојат три години интензивен развој, а автомобилот
и покрај тоа што станува збор за кит има тивка и рафинирана кабина преслечена
со квалитетни материјали и доаѓа целосно опремен со клима уред, електрика на
стакла, аудио систем и останата забавна електроника.
 
 
|