|
Вака би требало да гласи извикот на новиот мал автомобил кој е во фаза на развој и кого планира да го произведува кинескиот производител Geely гигантот којшто минатата година го купи шведскиот Volvo.

Јасно е дека кинеските производители се во подем и непрестануваат да пласираат нови модели пред се на домашниот пазар. Од оваа практика не отстапува ниту Geely кој со радост го најави најевтиониот автомобил на светот.
Според информацијата што доаѓа од Geely, нивниот нов мал автомобил треба на индискиот Tata Nano да им го земе приматот - Најевтин на светот. Автомобилот би чинел некаде меѓу 1.500 и 2.000 долари во зависност од верзијата, додека цената на Tata Nano e некаде околу 2.500 долари.
Одговорните од Geely истакнуват дека новиот автомобил ќе наликува на концепт IG соларен електромобил којшто беше претставен на салонот за автомобили во Пекинг и ќе има врати како крила на галеб.
Со оглед на цената на чинење на автомобилот и скапата изведба на ваков тип врати веруваме дека тие нема да влезат во серија.
Автомобилот долг 3.085 mm ќе има 2+2 места за седење и меѓуоскино растојание од 2.100 mm, димензии кои се за 100 mm поголеми од оние на Toyota iQ и близнакот Aston Martin Cygnet – 2.985 mm должина и меѓусокино растојание од 2.000 mm.
Од Geely исто така ветуваат дека технички автомобилот ќе биде далеку подобар од Tata Nano и значително побезбеден. За задвижување ќе се користи бензинец од 988 cm3 и дури 70 КС. Нема информација колку цлинидри ќе има моторот.
Иако најавен уште сега најевтинот автомобил на светот треба да се појави на пазарот некаде кон средина на 2012.
|