Get Adobe Flash player
Ќе ja видиме BMW Серија 6!
11.08.2010

Потврдено е! BMW на претстојниот салон во Париз ќе ја претстави сериската верзија на новата Серија 6, а раководството на баварците потврдува дека ќе претстават и концепт на комби верзија.

bmw-gran-turismo-2010-1

Извршниот директор на BMW, Клаус Дрегер лично ја најави премиерата на Серија 6 и премиерата на концептот BMW 6 Shooting Brake за кого во моментот сеуште нема подетални информации.

Како што по најавата преку концептот Gran Coupe, Серија 6 дочека да влезе во сериско производство, најверојатно истото ќе се случи и со концептот Shooting Brake, но баварците прво сакаат да го слушнат гласот на народот и на стурчната јавноста пред да влезат во овој потфат.

Доколку Shooting Brake некогаш започне да се симнува од производните ленти во погоните на BMW неговото комерцијално име ќе биде Gran Turismo наведува Дрегер во своето излагање.

Но, новините не застануваат тука. BMW планира следната година да ги претстави купе и кабриолет изведбите на Серија 6, подоцна ќе се појави Gran Coupe, додека Gran Turismo би се појавил дури после нив.

Поставен на платформата на Серија 6, Gran Turismo како останатитие верзии ќе профитира од 6 и 8 цилиндричните атмосферски и турбо мотори на BMW, но заради намената нема да има верзија М која ќе ги краси останатите изведби.

 

 

 

Facebook