Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Ќе има хечбек верзија од Lada Granta
12.08.2011

AvtoVAZ компанијата мајка на Lada во своето официјално соопштение кое е отчет за работата на компанијата во второто тримесечје од годината се вели дека почнат е развојот на хечбек верзија на Granta.

lada-granta-3-2011-3

Според информацијата развојниот пат треба да заврши за околу година и половина од сега и производството треба да почне во првата половина на 2013 година.

Се претпоставува дека хечбек верзијата на Lada Granta ќе има пет врати, но се очекува дека подоцна ќе се појави и куса серија од спорско купе/хечбек кое ќе има три врати во стилот на поголемата Lada Priora.

Други информации за Lada Granta во хечбек изведба нема. Да се потсетиме дека Granta премиерно беше претставена годинава како седан со најава дека стартот на производството ќе биде во октомври.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook