|
Од в година спортскиот седан на Porsche, Panamera ќе добие дизел мотор со што ќе стане вториот модел на производителот од Цуфенхаузен, после Cayenne кому под хаубата му работи спороoден агрегат.

Информацијата не е шпекулација туку официјален податок кој го соопштува личнот шефот на марката Матијас Мјулер. Според него нуждата од вградување на дизел во Panamera се гледа од успехот што го постигна дизел верзијата на Cayenne.
Дизелот што ќе работи во Panamera ќе биде истиот што го користи и Porsche, а потекнува од групацијата VW. Се работи за 3.0 литарскиот V6 TDI кој истискува моќност од 240 КС и максимален вртежен момент од 550 Nm.
Моторот ќе биде спарен со новата автоматска менувачка кутија со осум степени на пренос, истата ја користат и Porsche Cayenne и Volkswagen Touareg, а погонот најверојатно ќе биде на сите четири тркала заради високиот вртежен момент.
Со еден ваков склоп на мотор, менувач и погон Porsche Panamera би требала до 100 km/h да забрзува за околу 7,0 секунди и да достигнува максимална брзина пониска од 250 km/h.
Вградувањето дизел ќе биде вистинско освежување во понудата на Panamera посебно за купувачите од стариот континент, бидејќи во моментот се нуди само со бензински мотори од основниот 3.6 литарски V6 со 300 КС, преку 4.8 литарскиот V8 со 400 КС и неговата турбо изведба со 500 КС.
Секако ова е само втора етапа од развојот на гамата на Panamera за која веќе од следната година се предвидува и верзија со хибриден погон.
|