|
Десет години од првата најава за враќање на престижната марка Hispano Suiza која згасна во 1943, претставен е концепт од кого ќе произлезе сериски модел кој ќе се произведува во лимитирана серија.

Концептот Hispano Suiza XIOV претставен на салонот во Женева е суперспортски автомобил со централно поставен мотор кој ќе ја одбележи новата ера на шпанската марка која беше пример за луксуз и спорт пред Втората светска војна.
Острите линии кои го красат концептот XIOV се карактеристика на дизајнот на современата Hispano Suiza. Се работи за голем автомобил долг 5.000 mm и широк 2.060 mm кој во суштина е едно преслечено Audi R8.
Проверената шасија, моторот, менувачот, погонот на четири тркала и подвозјето доаѓаат од Инголштад. За погон е задолжен 5.0 литарскиот V10 битурбо од RS6 кому му е подигната моќноста на 700 КС и вртежениот момент на 700 Nm.
Снагата е доволна за 1.590 kg тешкото купе заедно со возачот и совозачот да се катапултира до 100 km/h за 3,4 секунди и да достигне максимална брзина од 340 km/h. Убавината кај Hispano Suiza e што нема да постојат електронски огрничувања на максималната брзина.
Заинтересираните за една ваква ексклузива веднаш можат да бројат пари бидејќи решението е донесено.
Hispano Suiza XIOV влегува во сериско производство ако така може да се нарече мануфактурата во која ќе се произведуваат 20 до 25 примероци на годишно ниво. Цената вистинска ситница 750.000 евра.
Малку за историјата
Компанијата Hispano Suiza оригинално е основана во 1904 во Барселона од швајцарскиот инженер и конструктор Марк Брикит. Главната ориентација на фирмата пред Првата светска војна е произведство на спортски автомобили.
Најпознат е моделот Alfonsо XIII кој го носел името на тогашниот крал на Шпанија Алфонс XIII кој како што се наведува во документите секогаш кога има можност со задоволство седнувал зад волан и уживал во перформансите на Hispano Suiza.
Добрите продажни резултати уловуваат ширење на компанијата која во 1911 отвора своја филијала во Франција и сели дел од производството. Во 1919 се појавува првиот лукзуен модел Н6В кого го задвижуваат мотори со шест цилиндри.
Претставувањето на новата генерација модели во тоа време Hispano Suiza станува посилен и од Rolls Royce. Развојот расте и во 30. години на ХХ век доаѓаат моделите со 12 цилиндрични мотори T60 и Ј12 кои се столб на продажбата на Hispano Suiza, а паралелно со нив во помали серии се произведува и К6 модел со шест цилиндричен мотор.
Сепак, иднината не е светла за Hispano Suiza. Со Втората светска војна која е пред праг згаснува производството во Франција во 1938, а пет години подоцна во 1943 згаснува и производството во Шпанија, а со него и компанијата.
Одделот на Hispano Suiza кој произведува авионски мотори продолжува да живее и по Втората светска војна а во 1968 минува во соственост на францускиот производител на авионски мотори SNECMA.
Модерната автомобилска Hispano Suiza се обидува да воскреснe од 2000 кога правата за името ги купи шпанската фирма Mazel Engineering и една година подоцна ја претставува лимузината K8 произведена само во еден примерок.
Hispano Suiza XIOV е првиот сериозен проект за кого постојат планови за старт на сериско производство.
|