Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Комбито од Prius е Prius+
07.03.2011

После концептот Prius v претставен на почетокот на годината на салонот во Детроит, Toyota во Женева ја прикажа конечната верзија на хибридниот ван кој е создаден на платформата на Prius.

toyota-prius-plus-1-2011-1

Повеќенаменскиот ван ќе го носи името Prius+ и како што велат од Toyota претставува сосема нов модел кој ја дели платформата на Prius и неговите дизајнерски смерници. Плус има седум места за седење.

Prius+ e првиот хибриден автомобил на Toyota кој сериски ќе носи литиум-јонски батерии. Актуелниот Prius носи батерии никел-метал-хидрид. Она што е важно за Prius+ e позиционирањето на батериите.

Имено кај него батериите се поставени во централната конзола, а не под задното седиште. На тој начин е добиен поголем простор во кабината и што е поважно е поместено тежиштето кое сега се наоѓа блиску до центарот на возилото.

toyota-prius-plus-2-2011-1

Иако е понапумпан од обичниот Prius, Prius+ има ист коефициент на отпор на воздухот од Cd 0,29. Тука е и големото понорамско стакло кое покрива две третини од кровот.

Внатре дизајнерите поставиле три реда седишта. Вториот собира тројца патници на три независни седишта кои се преклопуваат и по потреба целосно се отстрануваат од возилото.

Третиот ред седишта може да смести двајца патници. Тие се поделени во сооднос 50:50 и се пакуваат во подот на багажникот заедно или одделно. Напред возачот и совозачот уживаат во препознатливото окружување.

toyota-prius-plus-3-2011-1

Погонот е познат и нуди три модуси на работа. EV што значи возење само на електрика. Потоа модус ECO за ниска потрошувачка и модус POWER кој нуди максимална моќност.

Останатите информации делумно се познати од концептот за кого пишувавме, а Toyota ветува дека ќе ги дополнува постојано се до стартот на продажбата закажан за првата половина на 2012 година.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook