Peugeot поставува нов предизвик во компактната класа. Наследникот на 307 пристигнува во септември, со премиерата на Салонот во Франкфурт. Новиот 308 ветува разгорување на битката меѓу компактите.
Како и досега, прво ќе се појави комбилимузинската изведба. Потоа ќе следуваат комби со ознака SW и купе-кабриолетот CC. Со изгледот 308 ја следи линијата што ја зададе 207. Го покажува типичниот изглед на семејството на Peugeot со голема муцка напред. Светлата се издолжени и во форма на бадем како кај помалиот брат, а страничната линија ја нагласува клинестата форма на каросеријата.
Одзади се забележува голем дифузор. Со доплата може да се добие голем панорамски покрив. Под предната хауба се очекуваат четирицилиндарските мотори развиени во соработка со BMW. Ќе има 1,6-литарец со 120 КС во атмосверската варијанта и 150 односно 175 КС во верзиите со турбонатполнење. Верзија RC со зафатнина од два литри и 220 КС ќе го заокружи врвот на понудата.
Дизелите се од сопственото производство на PSA Peugeot Citroen. Спектарот на мотори HDI досега од 1,6-литарецот со 90 и 110 КС, преку дволитарецот со 136 КС до 2,2-литарецот со 170 КС. Продажбата на 308 се претпоставува дека ќе почне кон крајот на годината.