|
21.11.2007 |
Lotus ги здружи силите со Hot Wheels за да
создадат модел на нов родстер во размер 1:5 кој
недоамна беше претставен на салонот за автомобили SEMA во Лас
Вегас.
Автомобилот е создаден за прославата на 40 години
постоење на Hot Wheels, но исто така е претходница на дизајнерските смерници за
иднината и секако забава за сите оние што работеле на проектот.
Дизајнерите сакале да направат нешто што е веднаш
препознатливо како Lotus, па така концептот носи елементи што можат да се
забележат на Elise и на Exige како што се предните светла и хаубата со препознатливиот
беџ.
Отворите за одвод на воздух поставени во подножјето на
предното стакло, дифузорот назад и големото задно крило обезбедуваат доволно
потисок што го лепи автомобилот за подлогата. Големите странични отвори за
воздух и отворениот заден дел му овозможуваат на моторот да дише полесно.
Во кабината испакнатиот централен гребен кој всушност е
дел од структурата на шасијата и има улога на `рбет ги инкорпорира сите копчиња
како и рачката од менувачот.
Концетот е развиен од истиот дизајнерски кој напорно
работи на новата генерација модели на Lotus кои би требало да почнат да
се појавуваат од следната година.
|