|
Peugeot ги објави првите фотографии и технички податоци на концептниот модел наречен „5 by Peugeot” кој во Женева ќе биде прикажан како основа на која ќе биде создаден новиот Peugeot 508.

Според францускиот производител концептот е една индикација за менување на дизајнерскиот потпис на автомобилите на Peugeot и показател за идните намери на компанијата и амбициите за влез во сегментот на луксузни возила.
Идниот Peugeot 508 е автомобил кој воедно ќе ги замени моделите 407 и 607 и ќе претставува директен конкурент на модели како што се Opel Insignia и Renault Laguna, а концептот „5 by Peugeot” доаѓа како директна најава против кого ќе биде исправена конкуренцијата.
Со должина од 4.680 mm, ширина 1.880 mm и меѓуоскино растојание од 2.815 mm, елегантен и динамичен стил и избалансирани пропроции „5 by Peugeot” треба да ги задоволи барањата на новите клиенти на големи седани кои ги привлекува модернизам.
Новиот дизајнерски потпис на Peugeot прикажан преку „5 by Peugeot” вклучува помускулесто тело со нагласено прекршување на линијата на појасот, испакнати крила, поагресивна маска, долга профилирана хауба, отсуство на централен B носач, светлечки диоди и како скулптура извајани леснометални бандажи од 19 инчи.
Сензацијата на „5 by Peugeot” нагласена со дизајнот продолжува и под ламарината, а го вклучува HYbrid4 новоименуваниот хибриден погон на Peugeot составен од 2.0 литарски турбо дизел HDI од 163 КС со филтер за честички прав FAP и електромотор од 37 КС.
Хибридниот погонот на четири тркала на Peugeot е познат од претходно каде дизелот е задолжен за задвижување на предните тркала, а електромоторот на задните.
При ниски брзини „5 by Peugeot” може да се движи само на електрична енергија. Со вкупна снага од 200 КС „5 by Peugeot” во просек троши 3,8 L/100 km и има емисија на СО2 од 99 g/km.
Модуларната технологија на која е поставен погонот HYbrid4 му овозможува на производителот да го вградува во повеќе модели и на повеќе платформи. Планот на Peugeot e да го воведе во сериjа HYbrid4 во 2011 преку моделот 3008, a подоцна на ред е и 5008.
|