|
Новото спортско купе на Toyota со погон на задни тркала се појавува во својот оригинален дизан и со оригиналното име. Светот, место до сега вообичаеното име на концептот FT-86, го добива GT 86.

Со GT 86 како идеолошки наследник на оригиналното култно купе Corolla Levin AE86, Toyota им се враќа на корените. Светската премиера е утре на салонот во Токио, а комерцијализацијата во Европа стартува кон средина на следната година.
Пред премиерата Toyota открива детали и фотографии од GT 86. Купето кое покрај под беџот на Toyota ќе се продава и под беџот на Subaru и под беџот на Scion само во САД.
Под хаубата работи 2.0 литарски Боксер со четири цилиндри кој ја користи најновата генерација на системот за директно вшприцување на горивото развиен од Toyota и именуван како D-4S.

Моторот остварува моќност од 200 КС при 7.000 врт/мин и максимален вртежен момент од 205 Nm при високи 6.600 врт/мин и е спарен со мануелен менувач со шест степени на пренос или автоматик со ист број на степени на пренос.
Податокот за перформансите вели дека максималната брзина изнесува 230 km/h. Спринтот до 100 km/h сеуште не е објавен, но се очекува да биде под 7 секунди, додека просечната потрошувачка е 6,9 l/100 km.
Тежинскиот распоред предна/задна оска е 53/47, а заради хоризонтално поставените цилиндри на моторот тежиштето се наоѓа на само 457 mm од асфалтот информација која Subaru веќе ја објави за својот BRZ.

Димензиите од 4.240 mm должина, 1.775 mm ширина, 1.285 mm висина со растојание меѓу оските од 2.570 mm, комбинирани со ниското тежиште, одличниот баланс и тежината од 1.180 kg ветуваат врвни динамички карактерситики.
Суспензијата составена од McPherson опружна нога напред, двојни попречни независни водилки одзади и големите вентилирачки дискови сокриени зад леснометални бандажи од 17 инчи дополнително ги нагласуваат способностите за совладување свијоци и прецизното и остро управување.
Одзади работи самозаклучувачки диференцијал кој ја подобрува тракцијата, а за поголемо возачко задоволство инженерите на Toyota овозможиле и исклучување на системот за електронска стабилност на возилото VSC.

Повеќе информации следат после премиерата, а што се однесува до цената треба да се очекуваат околу 30.000 евра во Европа.
|