|
11.03.2009 |
Корејскиот супер спортски автомобил Spirra
S срамежливо се појави на домашниот пазар минатата година и не беше јасно дали
воопшто ќе ги напушти границите на Азија и ќе дојде во Европа.
Сега веќе е јасно Spirra S
пристигнува и на Стариот континент. Под хаубата работи V6 турбо
бензинец со зафатнина од 2.7 литри и моќност од 400 коњски сили.
Spirra S максимално ги
користи расположивите коњски сили и успева да спринтува до темпо 100 за 4,8
секунди и да достигне максимална брзина од 305 km/h.
Инженерите за годинава подготвуваат уште една верзија на Spirra
S која од истиот турбо бензинец ќе извлекува 500 коњски сили. На купувачите
во Европа ќе им бидат понудени и двете верзии.
Планот е Spirra S да се појави на пазарите низ Европа веќе следниот месец,
а ценовната рамка изнесува меѓу 125.000 и 150.000 евра. Секако корејците се
амбициозни и сакаат Spirra S да им конкурира на Porsche 911 и Audi
R8.
|