Не можете да си дозволите џиџка нов Rolls
Royce? Е па сега постои лесно решение на вообичаениот проблем кога сте малку по
не богати отколку што всушност сакате да бидете.
Но, да се разбереме сеуште треба да сте доволно богати.
За таа цел Rolls Royce за првпат во историјата на марката
лансираше програма за продажба на користени возила.
Rolls Royce Provenance како што е кстена
програмата е достапна кај сите поголеми дилери и нуди безгрижно купување на
користен Rolls Royce за загрижените клиенти.
При купување на Rolls Royce преку Provenance добивате
неависна проверка на историјатот на автомобилот и потврда за изминатата
километража.
Најважно од се е потврдата дека Rolls Royce смета дека
автомобилот е доволно добар за да добие одобрение од нивните квалификувани
сервисери. Згора на тоа доаѓа и шест годишен план за заштита кој вклучува
асистенција при неволја на пат, сервис и гаранција.
Значи сигурноста е задоволена сега останува да изброите
пристојна свота на банкноти.
Пример, дилерот во Лондон нуди два користени автомобили
од оваа програма. Поевтинот е Phantom стар 4 години со 33.000 километри и ќе ве чини само
267.468 евра или ако сакате помали цифри 179.950 британски фунти.
Ви се чини премногу и неможете да си го дозволите?
Придружете ни се.
|