Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Крај на производството за Audi A4 Cabrio
19.02.2008
audi-a4-cabrio-1.jpgКабриолетот на Audi A4 престанува со производство при крај на годината со што остава простор за новиот кабриолет А4. По тој повод Audi ќе лансира лимитирана серија наречена Advance.

Производството на кабриото на А4 се одвиваше во погоните на независниот производител Karmann кој го произведува моделот од 2002, а до сега од неговите ленти се симнати близу 200.000 примероци.

Лимитираната серија Advance ќе биде поскапа за 2.950 евра од цената на редовниот модел со соодветен мотор. Во цената се вклучени опции како метална боја, напа кожа со бисерен ефект, сензори за пракирање, контроли на воланот, аларм, ксенон светла, Bose аудио систем и интегриран систем за сателитска навигација.

Новиот генерација на кабриолетот на Audi, А4 нема да се произведува во погоните на Karmann што е уште еден тежок удар за компанијата која неодмна мораше да отпушти стотици работници поради откажувањето на договорите и со други производители кои своето производство го селат во земји како Кина и Индија каде работната рака е значително поевтина.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook