После 35 години производство и одѕвонува ѕвоното на првата
генерација на Volkswagen
Golf. Автомобилот кого го сметаат за првиот модерен компактен
хечбек конечно заминува во пензија.
Од производната лента во погоните на Volkswagen во Јужно Африканската Република се симна последниот примерок од CitiGolf како што се нарекуваше последната верзија на Golf I.
Производството на Golf стартуваше во далечната 1974. Го нарекуваат првиот модерен хечбек, бидејќи пред
35 години беше еден од првите автомобили со ваков тип на каросерија кој доби
мотор и погон напред, додека неговите главни конкуренти Opel Kadett и Ford
Escort таа поставка ја добија во 1979, односно во
1980.
Секако има автомобили кои далеку пред него имаа мотор
сместен напред кој ги задвижува предните тркала, но факт е дека никој од нив не
се задржал толку на пазарот и не ја носи неговата слава.
Golf
е современ ностиел на платформската стратегија на Volkswagen. Платформата на која е поставен Golf
I и која ја носи типска ознака А1 подоцна служи и за
производство на купето Scirocco, Jetta и Caddy.
Заслугата за успехот на Golf I во голема мерка припаѓа
на неговиот дизајн кој сепак е дело на италијанец. Се работи за легендарниот
Џорџето Џуџаро и неговиот ItalDesign кој успеа од Golf
I да направи класика со современ дизајн.
Токму затоа на неговата линија и требаа дури 35 години за
да застари и да ги натера одговорните во компанијата да го повлечат од
производство што се случи на крајот од минатиот месец.
Интересно е што дури и по 35 години последната верзија Golf I,
односно CitiGolf го сочува елементарниот дизајн со мали козметички измени.
Дизајнот на Golf
I беше основа за уште неколку модели кои подоцна станаа
звучни имиња сами за себе. Тоа се иконата меѓу хечбек спортистите Golf GTI кој беше претставен 1976, потоа седанот Jetta од 1979 и популарниот Golf Cabriolet исто така
од 1979.
Производството и продажбата на првата генерација на Golf во
Европа сопре во 1984 по цели декада мината на пазарот. Производтвото и
продажбата продолжи на други пазари ширум светот.
Затоа неговата отворена верзија се произведуваше се до
1993. Кабриолетот на Golf
I беше исклучително популарен ипобарувањата за него не
престанаа се до претставувањето на кабриолетот направен на основата на третата
генерација на Golf.
Производството на Golf
I во Јужно Африканската Република се задржа цели 25 години
по престанокот на производството во Европа. Во изминатиот четвртина век се
произведени точно 377.484 примероци на Golf
I.
Во Volkswagen немаше расположение да се прекине производството на CitiGolf. Но, современите текови беа тие што му пресудија. Едноставно производството
на Golf I стана економски неисплатливо заради слабата побарувачка.
Имено во 2008 беа продадени само 26.800 примероци на CitiGolf, затоа во првите 6 месеци од 2009 салоните во ЈАР забележаа само 1.690
нарачки. Повеќе од јасен знак за укинување на производството.
Секако вработените во фабриката на VW во
ЈАР нема да бидат отпуштени од работа бидејќи се планира модернизирање на
погоните и старт на производство на друг модел. Сеуште не се знае кој.
За да се одбележи јубилејот од 35 години Golf I и 25
години производство во ЈАР,
последните 1.000 примероци беа подготвени како специјална
серија.
CitiGolf
од лимитираната серија доаѓа со бензинец од 1.6 литри и
моќност од 100 КС. Стои на леснометални полирани бандажи од 15 инчи и како знак
на препознатливост има полирана цевка на издувот, два пара предни светла и
рамка на маската како GTI, но опточена со хром.
Внатре седиштата и облогите на вратите се преслечени со
карирана ткаенина како GTI и автомобилот моќе да се добие само во две избрни бои. Црна или како што
ја нарекуваат во Volkswagen, Shadow
Blue Мetalic.
Секој примерок од едицијата заради автентичност на
арматурата пред совозачот носи интегрирана плочка во која е изграваран посебен
сериски број од 0001 до 1000.
|