Get Adobe Flash player
Криза: недостаток од Карбон
08.06.2007
ferrarif40Карбонот секогаш бил прв избор за изработка на автомобилска егзотика. Плетената синтетика е полесна и поцврста од метал со што се намалува тежината, а се зголемува крутоста.

Поради високата цена употребата на карбон е ограничена само за врвните модели од автомобилската индустрија, но селекцијата на автомобили набрзо може да стане уште по екслкузивна.

Последните најави се дека цената на овој високотехнолошки материјал се зголемила за четири пати во текот на минатата година од 5 на 20 долари за фунта - 453,6 грама.

Главната причина за зголемување на цената на крабонот е појавата на новата генерација на патнички авиони од Boeing и Airbus кои користат композит за да ја смалат тежината на авионот, а со тоа и да ги намалат трошоците за летање. Заштедата не е беззначајна. Во индустрија која работи напорно да заштеди фрагменти од процентот од оперативните трошоци, овие карбонски авиони штедат и до 20 проценти гориво.

Затоа производителите на карбон проживуваат тежок период во обид да ги снабдат авионџиите чии нарачки веќе се подолги и од оние на Ferrari и на Lamborghini.

Поскапувањето на карбонот го почуствува барем еден производител на автомобили Saleen кој го прави супеспортскиот S7 од карбон. Цената на S7 од 580.000 долари се зголемила за 25.000 долари за да се покријат дополнителните трошоци.

Во последно време гледаме дека карбонот се користи обилно и за модели како BMW M3, Mercedes CLK Black Series и слични, но набрзо ваквиот тренд би можел да престане доколку цената на овој композит продолжи да расте.

Постои надеж во зголемување на производтството, но тоа не е толку едноставно и треба време. Ваквата ситуација би можела да трае со години, а до тогаш штетата веќе ќе биде направена.

 

 

 

Facebook