|
Неочекувано, токму пред официјалното претставување на новиот компакт се разгорe криза во Alfa Romeo која очигледно нема да мине лесно поради што и перспективите на марката се неизвесни.

За проблемите на миланезите говори и шефот на Fiat, Серџо Маркионе кој истакнува дека продажбите на Alfa паѓаат постојано и производителот постојано работи со загуба.
Маркионе размислува да ги замрзне сите инвестиции во Alfa, воедно и проектите за наследниците на 159 и 166 и за нив да примени една евтина варијанта да ги постави на постоечки платформи на Chrysler.
Но, ако се примени една ваква штедлива варијанта прашање е колку ќе се наштети на имиџот на Alfa, посебно сега кога се знае дека наследникот на 166 ќе биде поставен на модификувана платфoрма на Maserati Quattroporte.
„Ние треба многу да работиме во Alfa за да дојдеме до некое интелегентно решение кое на крај ќе биде добро за целата групација на Fiat,” вели Маркионе. „Треба да се направи долгорочна стратегија за иднината на Alfa за да се преобрати од загубар во марка која печали.”
Според него Alfa веднаш треба да ги замени 159 и 166 со нови модели поставени на платформи на Chrysler и да почне со освојување на Северно американскиот пазар.
Затоа голема е веројатноста по пуштањето на наследникот на 147 на пазарот сите инвестиции да бидат замрзнати. Во поглед на наследникот на 147 моделот ќе го носи името Giulietta.
Сето ова значи дека единствените нови модели на Alfa ќе бидат MiTo и Giulietta, додека останатите како 159, Brera Coupe, Spider и GT ќе се продаваат без измени.
Минатата година Alfa продаде 103.000 примероци. Пет години порано, поточно во 2003 Alfa продаде 203.000 возила што е пад за 50% за само пет години. Овој пад значи загуба меѓу 200 и 400 милиони евра годишно во изминатите пет години, или близу 1,5 милијарди евра.
Како што вели Маркионе конечното решение за иднината на Alfa ќе биде донесено на почетокот на идната година.
|