Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Купе од Giulietta или?
14.07.2010

Дизајнерска фантазија, или пак, автомобилот што се гледа на фотографиите навистина е купе кое ќе биде направено на основата на новиот златоносен модел на Alfa Romeo компактот Giulietta.

alfa-romeo-giulietta-kupe-2010-1

Создавањето на купе на основата на Giulietta има своја историја која во Fiat Group очигледно сакаат да ја оживеат. Автомобилот треба да се нарекува Giulietta Sprint Speciale и ќе биде олицетворение на моделот стар половина век.

Историјата започнува во 1954 кога Alfa Romeo за првпат ја претставува Giulietta Sprint спортско купе кое во 1957 добива уште поспортска верзија со поаеродинамична каросерија кое го нарекуваат SS или Sprint Speciale.

Под дизајнот на ова уште поспортско купе на Alfa, кое го задвижива бензинец од четири цилиндри, зафатнина од 1.3 литри и 91 КС при 6.000 врт/мин, се потпишува славниот Bertone, а моделот се произведува се до 1963.

Денес половина век подоцна ред е на пазарот да настапи неговиот правнук којшто исто така ќе биде поставен на основата на Giulietta, ќе завземе посебно место во понудата на Alfa Romeo и ќе го понесе славното име Giulietta SS.

Спортските аспирации наведуваат на претпоставката дека под хаубата на Giulietta SS ќе работат новата генерација на турбо бензинецот Mulitiair од 1.4 литри со 170 КС и турбо бензинецот 1750 TBI кој што од 1.75 литри зафатнина извлекува 235 КС и максимален вртежен момент од 340 Nm.

Од Fiat Group сеуште нема официјална потврда дека се подготвува купе од Giulietta, но со оглед на плановите за развој на компанијата и се поагресивниот настап на пазарот еден ваков проект е реалност.

Alfa Romeo Giulietta SS 2010

Alfa Romeo Giulietta SS 1957

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook