Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Купе од Toyota/Subaru е извесно
27.05.2009
subaru-toyota-kupe-1.jpgБез оглед на светската економска криза и откажувањето на многу автомобилски проекти, заедничкиот развој на Toyota и на Subaru на новото спортско купе продолжува.

Најавата за производство на заедничко купе стигна кон средина на 2007. Првичните инфомрации велеа дека тоа ќе биде малечка верзија на концептот на Subaru, B9 Scrambler.

Тогаш стигнаа и шегите дека новиот спортски автомобил развиен од двете компании може да го носи името Toyobaru, или пак, Subayota. Секако ништо од кованицата за името.

Но, затоа развојот на купето продолжува. Ова го потврдува и новиот шеф на Toyota, Акио Тојода кој истакна дека сериското производство на спортското купе со кодна ознака 086А е во агендата на двете компании.

Според Тојода купето со заедничка основа и со дизајнерски печати на Toyota и на Subaru посебно ќе се појави наскоро без оглед што во моментот економските услови и интересот за ваков тип на автомобили е мал.

Тојода дополнително истакнува дека поради лошата финансиска состојба развојот на автомобилот е успорен. Едноставно проектот минува во помалку приоритетна група за двете компании, но не се откажува.

Значи Toyobaru, или пак, Subayota ќе го видиме на пазарот кога економските услови ќе го дозволат тоа.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook