Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Купето на Subaru е означено како BRZ
25.08.2011

Купето со погон на задни тркала кое Subaru го развиваше заедно со Toyota и ќе го прави на иста производна лента ги добива иницијалите BRZ кои по некоја случајност имаа значение и на нашиот јазик.

subaru-brz-kupe-1-2011-1

Акронимот BRZ кого Subaru ќе го користи за своето купе доаѓаат од две механички компоненти и од еден збор од општо значење. Буквата B го означува видот на моторот Boxer, буквата R погонот на задни тркала RWD – Rear Wheel Drive.

Се чини дека најмоќно е значењето на буквата Z. Taa доаѓа од зборот Zenith кој во слободен превод означува врв, највисока можна точка која може да се достигне во сферата на живеењето, работата, или, едноставно, врвно достигнување.

Јасно е дека изборот на буквите за ознаката на своето купе Subaru ги бирал внимателно со цел името да остава силен печат подеднакво како и автомобилот кога ќе се пјави пред светската јавност.

Според информацијата која доаѓа од Subaru купето ќе ја доживее светската премиера на салонот во Франкфурт, но само како концепт кој ќе носи полно име BRZ Prologue. Кога, ќе се појави сериската верзија, сеуште не се знае.

Subaru го најавува стартот на производството за пролет следната година. Со ова се потврдува информацијата дека серискиот модел премиерно ќе биде претставен на салонот во Токио во декември годинава.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook