|
28.10.2011 |
|
Во исчекување на премиерата на купеата на Toyota и на Subaru која треба да се случи за околу еден месец од сега пристигнува нова информација во која стои дека купето на Subaru ќе биде помоќно.

Долго очекуваното купе кое ќе се продава под беџот на Subaru, на Toyota и на Scion на пазарот во САД ќе го види светлото на денот кон крај на месец ноември кога салонот во Токио ќе ги отвори вратите за посетителите.
Иако создадено со заеднички сили купета на Subaru и на Toyota сепак ќе се разликуваат. Имено Subaru BRZ ќе биде помоќен од Toyota FT-86. Toyota веќе наведе дека нејзиното купе ќе пакува околу 200 коњски сили.
Очекувањата се дека купето на Subaru под хауба ќе пакува сериозни 300 коњски сили и ќе биде погодно за да се натпреварува во серијата GT на FIA што говори за масивноста на шасијата која очигледно е конструирана да издржи големи напори.
Сето ова се потврдува и со тркачката верзија на Toyota FT-86 која тестира на Нирбургринг. Иако премиерата е наскоро, продажбите на новите купеа ќе стартуваат дури на лето следната година.
|