Највлијателната истражувачка куќа за проценка на
задоволството кај купувачите J.D. Power објави едно интересно истражување
наречено Customer Retention Study или...
Студија за задржување на клиентите. Во оваа студија направена
во САД се бележи процентот на купувачите кои при набавка на нов автомобил се
враќаат на марката која ја поседувале и претходно.
Години наназад прва на списокот беше Toyota. Сега
работите се сменија и епитетот најдобра, годинава, отиде во рацете на друга
јапонска марка - Honda.
Во текот на 2008, 64,7% од купувачите кои набавиле нов
автомобил со беџот на Honda и претходно имале Honda. Процентот
кај Toyota изнесува 63,2%, а на трето место е луксузната марка на Toyota,
Lexus.
Зад Lexus се купувачите на Mercedes и на BMW.
„Honda има репутација на производител на сигурни автомобили,
кои долго време ја задржуваат својата вредност. Ова е одлучувачки фактор за
сопствениците на Honda при следното купување на нов автомобил повторно да се
одлучат за истата марка,” изјави раководителот на истражувањето Деби Ортуно.
Honda исто така ќе понуди и неколку економични модели како CR-Z, FCX
Clarity и Insight кои дополнително ќе ја засилта вербата на купувачите во
марката и ќе создадат нови поклоници.
Со истражувањето се дошло до заклучок дека само 11
автомобилски марки имаат резултат за задржување на клиентите што е над просекот
за индустријата кој изнесува 48%.
Од нив четири марки се јапонски Honda, Toyota,
Lexus и Subaru. Три се американски Ford, Chevrolet
и Cadillac. Три се европски Mercedes, BMW и VW и една е
корејска Hyundai.
Интересно е што во текот на 2008 намален е и просекот на
индустријата за 1% во однос на 2007 кога истиот изнесувал 49%.
|