|
Времињата на криза за Lada полека изминуваат. Рускиот автомобилски гигант ја враќа довербата на домашните купувачи пред се поради подигањето на квалитетот на своите возила.

Секако најголем удел во враќањето на пазарот има Lada Priora која се произведува во седан верзија, хечбек и комби, а од лани е најавена и купе верзијата која што туку треба да тргне во освојување на пазарот.
Раководството на AvtoVAZ обелодени сека во споредба со месец мај лани годинава продажбата скокнала за 61,6% од кои како што истакнавме најголем дел и припаѓаат на Lada Priora.
Имено во месец мај 2010 продадени се 13.112 примероци од Lada Priora, по неа следат 11.974 примероци на Lada 2105/2107 познатата Riva, понатаму продадени се 9.207 примероци од Samara, од Kalina 8.155 примероци и од Lada 4x4 – кај нас суште се води како Lada Niva – 3.073 примероци.
Вкупната бројка на продадени автомобили на рускиот пазар изнесува 45.521, додека со вкупната бројка на продадени возила на Lada вклучувајќи ги и пазарите надвор од Русија изнесува 49.991.
Тоа значи дека во извоз Lada продала само 4.470 возила само во месец мај. Инаку од почетокот на годината заклучно со месец мај Lada продала вкупно 169.602 автомобили што е раст од 12,3% во споредба со истиот период лани.
|