Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Lada C-Cross концепт
27.08.2008
lada-c-cross-koncept-1.jpgОва е еден од задолжителните концепти, со неизвесна иднина, што најголемиот производител на автомобили во Русија има обичај да го прикаже на салонот за автомобили во Москва.

Наречен Lada C-Cross концептот на кросовер што го замислиле дизајнерите на AvtoVAZ премногу е сличен со некаков концепт што евентуално би го претставил Ford, а истиот е поставен на основата на претходниот Ford Focus.

Сличностите се преголеми, гледано безмалку од секој агол. Во Lada се гордеат со механиката и уверуваат дека иако C-Cross го носи изгледот на некаков кросовер сепак, теренските способности се на ниво на една Lada Niva.

Исто така одогворните тврдат дека и производството не е толку далеку и дека наскоро би можеле да ја видиме Lada C-Cross на улица.

Од исксутво не веруваме дека тоа ќе се случи наскоро, бидејќи сведоци сме на сите досегашни најави што доаѓаат од руската автомобилска индустрија и во експедитивноста на остварување на проектите од концепт до серија.

Што се однесува до наследување на теренските способности на Lada Niva, ја поздравуваме најавата. Бидејќи руската дивокоза сеуште е еден од ретките теренски експерти што можат да се најдат на пазарот и на која можат да и позавидат и далеку поскапите и поразвикани конкуренти.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook