|
09.11.2011 |
|
Инженерите за развој во AvtoVAZ веќе подолго време работат на електричен автомобил кој ќе го носи името Lada Ellada, а од неодамна започнаа и со практични тестови на електромобилот.

Според првичните информации кои доаѓаат од AvtoVAZ тестирањата се одвиваат прилично успешно, а автомобилот не покажува некакви сериозни недостатоци. Она што е потребно е само фино дотерување на електрониката која управува со погонската спрега.
Lada Ellada располага со електромотор поставен под хауба како кај класичните автомобили. Од компанијата сеуште не ги кажуваат неговите карактеристики, но затоа се знае дека тој се напојува од литиум-јонски батерии.

Времето потребно да се достигне максималниот капацитет на батериите кога се приклучени на стандардна електрична мрежа изнесува 8 часа, а автономијата изнесува 150 километри.
За перформансите се знае дека Lada Ellada до 100 km/h забрзува за 13 секунди и толку. Од AvtoVAZ не ја откриваат максималната брзина која според нив не е толку значајна за еден електромобил.

Затоа се знае цената. Lada Ellada ќе чини 36.000 евра кога ќе се појави на пазарот. Солено за една Lada, но не толку солено за еден екетромобил. Нејзиното сериско производство се планира заедно до LPG верзијата на Lada Granta.
|