Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Lada Granta како спортист
17.02.2012

При откривањето на плановите за иднината на компанијата претседателот на AvtoVAZ, Игор Комаров најави и дека доаѓаат нови изведби на Lada Granta, комби и комбилимузина со пет врати.

lada-granta-cup-1-2012-1

Сега информациите за Lada Granta се прошируваат. Имено до AvtoVAZ најавуваат и спортска изведба на Lada Granta која под хауба ќе пакува турбо бензинец од 1.6 литри којшто ќе испорачува од 130 до 200 КС.

Моторот ќе се испорачува во неколку верзии бидејќи планот на компнијата е и спортистот на Granta да се нуди во неколку верзии. Почетокот на понудата ќе носи 130 КС, па ќе следи модел со 160 КС, а најекстремен ќе биде тој со 200 КС.

Техниката доаѓа од тркачката верзија наречена Lada Granta Cup кај која турбото од 1.6 литри испорачува 235 КС при 6.500 врт/мин и максимален вртежен момент од 280 Nm при 4.000 врт/мин.

Кај неа спринтот до 100 km/h и максималната брзина зависат од преносниот однос на степените во менувачот кои се менуваат според патеката каде се вози. Менувачот е секвенцијален со пет степени на пренос.

Просекот на спринтот до темпо 100 е 5,6 секунди. Сопирачките се на AP Racing со пливачки дискови кои напред мерат 330 mm и ги зафаќаат четири клипни клешти, а назад мерат 260 mm и ги зафаќаат двоклипни клешти.

Се очекува и сериската Lada Granta Sport да се одликува со добра техника. Цените сеуште не се знаат, а производството е планирано за следната година.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook