|
Од AvtoVAZ пристигнува информацијата дека од погоните на компанијата наскоро пристигнува втората тура на произведени примероци од Lada Largus кои ќе бидат наменети за тестирање.

Како што е познато моделот е поставен на платформата на Dacia Logan, поточно претставува изведба на Dacia Logan MPV која го носи логото на Lada и ќе се продава само на пазарот во Русија.
Станува збор за бројка од 20 примероци кои ќе бидат наменети за испитување на безбедност, квалитет и на антикорозивна заштита. Во групата се три варијанти на Lada Largus се примероци со пет седишта, со седум седишта и товарна изведба.
Ова е втора група на произведени примероци на Lada Largus. Првата броеше само 5 примероци кои беа составени од компоненти произведени во фабриката на Dacia во Романија.
Новопроизведените 20 примероци се сотавени од компненти произведени во погоните на AvtoVAZ во Толиати во Русија. По завршувањето на испитувањата, или на почетокот на март официјално ќе стартува сериското производство на Lada Largus.
Системот на продажбата ќе биде ист како кај Lada Granta. Имено купувачите ќе треба да се пријават кај дилерите преку интернет со пополнување на формулар, а цената ќе стартува од 8.470 евра.
|