Get Adobe Flash player
Lada Priora Coupe оди во серија
20.01.2010

Од Lada пристигнува информација дека во следните неколку дена започнува сериското производство на новиот модел од гамата на Priora, хечбек со три врати,  кој ќе го носи името Priora Coupe.

lada-priora-coupe-2010-1

Новиот модел драстично се разликува од останатите три верзии на Priora: седан, комби и хечбек со пет врати. Купето има комплетно нов заден дел, нови врати, нови ретровизори со интегрирани трепкачи, нова предна маска и браник.

Без исклучок Priora Coupe доаѓа со диск сопиpачки назад, леснометални бандажи од 15 инчи обуени во гуми од Vredestein. Целта на Lada е да го претвори купето во спортски луксузна верзија на Priora која пред се ќе ги привлече младите купувачи.

Измените во кабината се однесуваат на новите облоги на седиштата и на вратите, а арматурата има посвеж дизајн во однос на останатите верзии со три тркалезни отвори за проветрување и инструменти кои го нагласуваат спортскиот карактер.

Опременоста на Priora подеднакво имрпесионира кога е во прашање Lada. Клима уред, ABS, сензори за паркирање, две воздушни перници, нова генерација на појаси напред со предзатегнувачи, електрични стакла и ретровизори со греење, греење на предните седишта, централна брава со далечинско и радио со CD. Со доплата единствено се добива сателитска навигација.

Lada Priora Coupe ја задвижува атмосферски бензинец од 1.6 литри кој остварува 72 КС при 5.600 врт/мин и максимален вртежен момент од 145 Nm при 4.000 врт/мин. Новиот мотор ги задоволува нормите Euro 4.

Најдоброто кај Lada Priora Coupe доаѓа на крај, а тоа е цената која на рускиот пазар изнесува 375.062 рубљи или 8.825 евра. Плановите на Lada се во првата серија да бидат произведени 60 примероци за да се испита пулсот на пазарот.

 

 

 

Facebook