Get Adobe Flash player

Lada Revolution 3 концепт
06.10.2008
lada-revolution3-1.jpgРускиот производител на салонот во Париз се претстави со концептот Revolution 3. Ова е трето издание на серијата истоимени концепти од кои првиот беше претставен во Франкфурт 2003.

Оригиналниот Revolution беше едносед кого го задвижуваше бензински четирицилиндарец од 1.6 литри кој остваруваше 215 коњски сили доволно за спринт до 100 km/h за 6,5 секунди.

Концептот Revolution 3 претставен годинава во Париз го открива развојот на спортско купе кое треба да влезе во ограничено производство заради посебната тркачката серија која ја планираат челниците во Lada.

Revolution 3 под пластичната каросерија сокрива просторна цевна рамка изработена од високо легиран челик со што е постиганата голема крутост. Целиот автомобил заедно со 2.0 литарскиот турбо бензинец позајмен од Renault тежи 1.103 kg.

Моторот остварува 245 коњски сили и според инженерите на Lada не е единствената опција. Имено конструкторите му фрлиле око и на новиот 3.7 литарски V6 бензинец на Nissan кој остварува 350 коњски сили.

Според одговорните од Lada, претставениот Revolution 3 е чисто дизајнерска студија и дека автомобилот кој ќе биде подготвен за производство и ќе им биде достапен и на приватните тркачки тимови ќе го видиме следната година во Франкфурт.

Продажбата се планира за почетокот на 2010.


 
Get Adobe Flash player