Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Lada се враќа во Велика Британија
10.05.2010

Информацијата доаѓа директно од врвот на Renault, поточно од потпретседателот на Renault, Стив Норман кој во интервју за британскиот дневен весник The Daily Mail навел дека Lada се враќа во Британија.

lada-priora-2010-1

Рускиот производител на автомобили комплетно ја повлече продажбате во Велика Британија пред 13 години и оттогаш до сега никому во AvtoVAZ не му паднало на ум да им се врати на клиентите кои не ја сакаат Lada.

Британците кои и вообичаено со критички настроени и знаат да го изразат незадоволството со саркастичен хумор ги нарекуваа автомобилите на Lada „конзерви на четири тркала” критикувајќи го пред се лошиот квалитет.

Негативното мислење за Lada во Британија се создаваше цели 23 години, поточно од 1974 кога Lada првпат стапна на тлото на Британија, па се до 1997.

Но, Норман наведува дека и лошите мемоари за Lada на островот ќе се сменат. Имено со заедничка соработка Lada ќе почне да произведува поквалитетни автомобили кои конечно ќе ги задоволат барањата на клиентите од западот.

Ова значи дека новите возила на Lada кои ќе се продаваат во Британија и во државите од Западна Европа ќе бидат создадени со финансиска и инженерска помош од француско-јапонската алијанса Renault-Nissan кои имаат договор со AvtoVAZ.

Првите модели на Lada на пазарот во Британија ќе пристигнат за околу две години и ќе се продаваат по цена од околу 5.000 фунти или малку под 6.000 евра со што поголемите модели на Lada ќе им конкурираат на малите автомобили од останатите производители.

Со оглед на кризата Норман истакнува дека клиентите полека ќе почнат да ги ценат автомобилите на Lada пред се по воведувањето на новите стандарди за квалитет на производство кои ги наложува алијансата Renault-Nissan.

Иако не се очекува Lada да доживее вистински бум на пазарот во Британија, сепак од Renault се надеваат дека ќе земе одреден дел од пазарот и ќе им понуди квалитетни издржливи нискобуџетни возила на оние купувачи кои немаат, или пак, не сакаат да потрошат повеќе за нов автомобил од друг производител.

Стив Норман уверува наведувајќи го примерот за Skoda која имаше многу лош имиџ пред да стне дел од групацијата на Volkswagen, а денес е еден од најпосакуваните производители во Британија.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook