Get Adobe Flash player
Lada со комби верзија на Priora
19.05.2009
lada-priora-kombi-1.jpgПортпаролот на групацијата AvtoVAZ, каде спаѓа и Lada, најави дека производството на комби верзијата на моделот на Lada, Priora стартува следната недела поточно на 27 мај.

Првите примероци во продажните салони во Русија пристигнуваат на 20 јуни. Според негo моделите што првично ќе се симнат од производна лента ќе бидат со највисоко ниво на опременост.

Тоа значи дека Lada Priora комби има воздушни перници, електрика на прозори и ретровизори со греење, греење на предните седишта, автоматски клима уред, паркинг сензори, ABS, аудио систем...

Цената на Lada Priora комби во Русија ќе стартува од околу 350.000 рубљи или околу 8.000 евра.

 

 

 

Facebook