|
04.09.2007 |
На салонот во Женева во март годинава рускиот
производител Lada го претстави својот концепт за компкатен автомобил
заведен под едноставно име Concept C.
За салонот во Франкфурт, Lada се
подготвува да претстави лимузинската верзија на овој концепт Project
C. Сличноста е рзбирлива бидејќи седанот почива на иста платформа како и
неодамна претставениот компакт.
Според официјалните лица фокусот при развој на овој
автомобил е ставен на комфорот за возачот и за патниците, управливост, носење
со специјалните „руски” услови на експлоатација, добра вредност за вложените
пари и индивидуалност на автомобилот.
Основната верзија на Project C ќе биде опремена
со серво управувач, ABS со електронска дистрибуција на силата на сопирање EBD, воздушно
перниче за возачот, електрика на прозори и ISOFIX.
Во дополнителната опрема спаѓаат странични воздушни
перничиња и едно за совозачот, ESP, клима уред итн.
Се очекува финалната верзија да се појави на пазарот во
2009.
|