За сите оние што мислат дека дизајнот на Lamborghini
омекнал по превземањето од страна на Audi еве нешто
што би требало да им ја врати вребата во италијанската марка.
Концептот Lamborghini Embolado покажува
можен дизајнерски правец што можеме да го неречеме било како освен мек.
Единствениот проблем е што нема потврда дека е официјален.
Сето ова е креација на студентот на дизајн од Италија,
Лука Серафини. Идејата за името Embolado доаѓа од фестивалот
во Шпaнија, Toro Embolado што значи „бик во клопче”, односно
настан каде клопчиња од запаллив материјал за закачуваат на роговите на бикот и
за палат.
Потоа бикот се пушта да трча ноќе по улиците.
„Изборот на името беше прв чекор во дизајнирањето на
концептот,” вели Серафини. Тој дури создаде и верзија Superleggera со
стајлинг сличен како кај Gallardo Superleggera.
Дизајнирањето на Embolado е првиот
чекор на Серафини кон работата од соништата, а тоа е дизајнер во Lamborghini.
Embolado е базиран на димензиите на Gallardo, но се чини
многу поблизок на автомобилите на Lamborghini од минатото кои
застрашуваа и кога стоеја и кога се движеа.
Она што би сакале ние е да видиме еден малечок Lambo кој ќе
биде старт на понудата, а ќе личи токму вака. Доколку некој од Lamborghini го чита
ова ќе ве молиме препратете им го на луѓето одговорни за оваа тематика.
Верувајте ни овој Lambo e предодреден
да успее.
 
|