Шефот на развој на Lamborghini, Маурицио
Региани потврди дека супер спортската лимузина Еstoque
претставена на салонот во Париз ќе влезе во сериско производство во 2011.
Според Региани, комплетниот бизнис план за производство и
продажба на Еstoque е изработен, бројките одат во прилог на автомобилот и
единствено што се чека сега е планот да биде одобрен од бордот на директори на
групацијата VW Audi.
Доколку планот мине на борд подготовките за сериско
производство на Еstoque ќе започнат уште во текот на следната година. И ако се
оди според планот супер спортската лимузина на Lamborghini ќе се
појави на пазарот во 2011 и ќе стартува со цена од околу 180.000 евра.
Lamborghini Еstoque ќе биде
задвижуван од 5.2 литарски V10 кој работи во LP560-4 и остварува
500 коњски сили. Моќноста ќе се пренесува на сите четири тркала преку истиот
систем што работи во Gallardo.
Интересно е што иако се работи за поголем и потежок
автомобил снагата на моторот е малку придушена во однос на LP560-4. Но, во Lamborghini
уверуваат дека тоа нема да претставува проблем за Еstoque.
Моторот кај него не е поддесен за бришкање по патека туку
за патување и затоа на инженерите им било поважно одржување на висок вртежен
момент при пониски вртежи отколку глад за урнебесни перформанси.
Тие уверуваат дека вртежниот момент кај моторот на Еstoque е повисок
од оној кај LP560-4. Поради тоа Еstoque ќе постигнува
добри перформанси без големо напрегање на моторот.
Покрај 5.2 литарецот од Lamborghini најавуваат
дека понатаму во Еstoque ќе се вградуваат и други мотори со што тој ќе стане
првиот сериски автомобил на марката кој под хаубата ќе носи повеќе различни
мотори.
Сепак, сеуште не е јасно кои се агрегатите што ќе работат
во Еstoque. Една претпоставка е дека се подготвува бензински V8 битурбо, но
отворена е можноста и за вградување на дизел, а не е исклученa ниту можноста за
хибриден погон со цел намалување на емисијата на СО2.
Љубителите на марката, поточна на суперспортистите Murcielago
и Gallardo не треба да стравуваат од најавата за дизели, бидејќи
тие се однесуваат само на Еstoque.
Покрај новите мотори Еstoque ќе добие и
нова менувачка кутија со седум степени и со две спојки. Менувачот ќе биде
дериват на DSG развиван од страна на VW и Audi под чива
капа потпаѓа Lamborghini.
Со новиот менувач се очекува подобрување на перформансите
на автомобиолот. Според пресметките Еstoque опремен со 5.2
литарскиот V10 ќе остварува максимална брзина од малку преку 300 km/h.
|