По безмалку пет години на пазарот и скоро без измени
малиот спортист од Lamboghini, Gallardo конечно ќе биде
подновен. Станува збор за обемен фејслифт и нов знаменосец LP550.
И редизајнираниот Gallardo и
високопреформансниот LP550 ќе бидат претставени на претстојниот салон во Женева. А
заедно со LP550, Lamborghini ќе го претстави и
новиот 5.2 литарски V10.
Зголемената зафатнина во однос на сегашниот 5.0 литарски V10 ќе му
донесе 30 КС и 20 Nm повеќе. Па така новиот 5.2 литарски V10
FSI со директно вбризгување ќе остварува моќни 550 коњски сили и максимален
вртежен момент од 530 Nm.
Воедно обновениот Gallardo ќе користи
дел од новите технологии што инженерите на Audi ги развиваа
за R8 и новиот RS4. Станува збор за значајни измени кај менувачот и
постојаниот погон на четири тркала.
Имено со подобрената конструкција и понапредните
материјали се намалуваат внатрешните отпори во менувачот и се зголемува
неговата ефикасност. Менувачот сега е во можност да испорача повеќе моќност и
повеќе вртежен момент до олеснетиот погон на четири тркала. LР550 ќе се нуди
со мануелен или како опција со е-gear секвенцијален менувач.
Исто така подобрувањата ја опфатиле и шасијата која сега
има поголема торзиска крутост и системот за сопирање. Од надвор обновениот Gallardo ќе се
препознава само по новите браници напред и одзади, остатокот од каросеријата
останува релативно не сменет како и ентериерот.
Комерцијализацијата се очекува набрзо по затворањето на
салонот во Женева.
|