Get Adobe Flash player
Lamborghini LP560-4
05.03.2008
lamborghini-lp-560-4-1.jpgПо успехот на Gallardo, Lamborghini одлучи во серија да ја воведе и неговата уште поспортска верзија која традиционално ја носи ознака LP сега дополнета со 560-4 или полно име LP560-4.

Долго очекуван и претставен на салонот во Женева LP560-4 носи 5.2 литарски V10 FSI со директно вбризгување има компресија од 12,5:1 и остварува 552 коњски сили и вртежен момент од 540 Nm што е за 32 КС и 32 Nm повеќе од перформансите на 5.0 литарецот.

Покрај помоќниот мотор искористени се и новиот полесен погон на четири тркала од R8 и новиот менувач. Спринтува до темпо 100 за 3,7 секунди, а до 200 km/h за 11,8 секунди со максимална брзина до 325 km/h бројки од кои не би се засрамил ниту еден Murcielago.

Директното вбризгување му овозможува да ја задржи потрошувачката на разумно ниво. Од Lamborghini даваат податок за просечна потрошувачка од 14 литри на 100 изминати километри. Хм...

Новиот автомобил има поцврста шасија и подобри сопирачки, а лежи на 19 инчни леснометални бандажи обуени во гуми 235/35 напред и 295/30 назад.

LP560-4 доаѓа со два шест степени менувачи. Во зависност од афинитетите купувачот може да бира меѓу мануелен или секвенцијален e-gear. Внатре патниците уживаат во звуците на мултимедијалниот систем со USB конекција, Bluetooth и TV, но во Lamborghini ги исполнуваат и најчудните барања на авоите клиенти се разбира сето тоа и добро го наплаќаат.


 

 

 

Facebook